Македонски "Оскар" за ООП. Тинекс МТ ДООЕЛ СКОПЈЕ - ПРВА НАГРАДА
Тинекс ДОО Скопје-силен бренд кој ужива доверба кај потрошувачите, дефинирана стратегија за развој, интегрирајќи конкурентни цени, квалитетна услуга-Тинекс МТ најголемиот ланец на супермаркети во Македонија со 32 маркети низ целата земја. Главен фокус е раст на претпријатието преку отварање на нови објекти со голема квадратура, по европски стандарди и зголемување на прометот во наредните 3 години за 50%.
Проектот Вработување штитеници од домот за деца без родители прераснува во филозофија на хуманоста во работењето на ова претпријатие. Водени од идеата да ги интегрираат ваквите лица во општеството, тежнеат кон исполнување на основната цел, помош на лицата да егзистираат независно. Мотивирани од придонесот што Тинекс може да го даде во рамките на своите дејности и можности на Министерството за труд и социјална политика и на домот за деца без родители 11Октомври Скопје да ги потикне другите компании (нивни соработници или купувачи) и тие да превземат општествено одговорни активности.
Во партнерски однос со споменатите институции преземаат активности за вработување, обука и посебно внимание кон лицата од страна на претпоставените. Резултатите од активностите се гледаат во успешно интегрирани вработени во тимот на Тинекс што произлегува од долгорочна и напорна работа.
Претпријатието во покажаната општествена одговорност гледа лична сатисфакција и минимално подобрен углед кај добавувачите и јавните институции.
Покрај овој континуиран проект,претпријатието има постојан фонд за финансирање на хуманитарни, спортски и други активности. |