|
Тинексова потрошувачка картичка за вработени
Со неа можете да пазарувате само во Маркетите и Дисконтите на Тинекс и имате можност за одложено плаЌање од 40 до 60 дена. Условот за добивање на оваа картичка е потпишување на договор помеѓу Тинекс МТ и вашата компанија која е гаранција за состојбата на вашата картичка. Долгот кој треба да се подмири ке биде одбиен од вашиот месечен надоместок. Минималниот износ на пазарење е неограничен, а максималниот износ зависи од лимитот што ќе биде договорен со компанијата која е гаранција. Фактурирањето ќе се извршува месечно со спецификација од долгот на секој корисник поединечно.
Досега веќе има 20 000 корисници на потрошувачки картички со безготовинско плаќање, кои се задоволни од ваквиот начин на пазарење.
Воедно ви нудиме и презентација за начинот на користење на платежната картичка. |
|