Основни препознатливи вредности кои ги негува Тинекс се транспарентност во работењето, заштита на правата на работникот, заштита на правата на потрошувачот и комуникација со заедницата и опшеството. Нашиот успех го темелиме на постојана грижа за квалитетот, услугата, како и довербата и разбирањето на потребите на купувачите.
Нашата визија е да им овозможиме на нашите потрошувачи да купат производи со добар квалитет и поволни цени, да добијат добра услуга и пазарувањето во нашите маркети да им биде задоволство.