|
Се започна пред 15 години, кога беше отворен првиот Tinex Маркет во Скопје во населбата Карпош 3. Основачот на компанијата Владимир Тодорoвиќ тогаш имаше визија да изгради ланец на маркети но без сопствен капитал, позајми средства со цел да го отвори првиот Tinex Маркет. Од Април 1994 беа отворени 23 (дваесет и три) маркети во Скопје и ширум државата. Во моментов ширум републиката има маркети и дисконти на Tinex, чија бројка изнесува 35 (триесет и пет).
Tinex е водечка компанија во Македонија, имајки ја лидерската позиција пред конкуренцијата сите овие години наназад.
Сопственоста на компанијата е 100% приватна, а нашата основна дејност е продажба на храна и производи за лична хигиена, нега и хигиена на домот. Tinex бележи умерен, но постојан и стабилен раст, постојано отворајќи нови продажни објекти. Растот е особено проследен со подобрување на квалитетот на производите, на услугата и подобрување на квалитетот на целокупното доживување и искуство на нашите потрошувачи во сите продажни објекти на Tinex.
Tinex е присутен во (9) девет градови во Македонија со своите 35 (триесет и пет) продажни објекти. Со цел да им се приближиме на сите потрошувачи и да понудиме поголема вредност, пред четири години Tinex започна да го гради својот втор бренд, Discount by Tinex, каде што потрошувачите наоѓаат бројни поволности, меѓу кои најважната е цените, кои се најниски споредено со сите останати маркети и продавници.
Изминативе две години Tinex активно го гради својот приватен бренд ЕXTRA,со кој што на потрошувачот му обезбедува екстра цена со екстра квалитет. Брендот EXTRA е застапен во многу категории на производи меѓу кои се млечните, сувомеснати, конзервирани производи, производи за лична хигиена, хигиена на домот и многу други.
Денес нашата компанија брои (1000) илјада вработени. Tinex како работодавец се стреми да им обезбеди на сите вработени максимално исполнување на своите права.
Tinex соработува со речиси сите домашни производители, добавувачи и дистрибутери, трудејки се да биде добар партнер. Ни причинува задоволство што соработката со сите наши партнери е на високо ниво при што секогаш и двете страни се задоволни со резултатите. Со дел од нив имаме директна и тесна соработка при производството на нашата приватна марка, брендот EXTRA.
|
|