Омилениот ручек заслужува да биде подготвен со најквалитетните состојки, а месото што ќе го најдете во месарницата на Тинекс ги задоволува највисоките критериуми.
Од нашиот погон за расек секојдневно доставуваме свежо, вкусно и квалитетно свинско, јунешко и телешко месо и преработки од месо, а месото од светски познатите говеда го прават нашиот маркет да биде место каде што ќе ги исполните сите ваши гурмански желби.
СЕКОЈ ДЕН ДОСТАВА ДО НАШИТЕ МАРКЕТИ
СВЕЖО ПАКУВАНО МЕСО!
ЗРЕЕНО
МЕСО
Dry aged
Што претставува суво зрееното месо?
Со процесот на суво зреење на месото им се овозможува на природните ензими да продрат во најтврдите делови од месото (мускули и сврзни ткива), вишокот на вода испарува, а тоа што останува е врвен квалитет збогатен со голем број на протеини, совршен изглед и неодолив вкус.
Со сувото зреење, месото добива поинаква мекост и префинета текстура, а вкусот претставува едно ново гастрономско искуство. Ние имаме за цел да ги споиме светски признатата модерна технологија во служба на врвниот хедонизам и домашната национална кујна.
Како се суши месото?
Сувото зреење на месо е природен процес во кој само парчињата месо со премиум квалитет се селектираат и третираат низ процесот на суво зреење и истите се сместуваат во посебни машини без заштитно пакување.
Месото се набавува од најквалитетни кланици. Во рок од 1 до 5 недели зреењето на месото се спроведува во посебни, контролирани услови на температура од 0,5 до 1 Целзиусов степен, зголемена влажност (од 75 до 80%) и константен проток на воздух.
Во зависност од видот на месото кое се става на суво зреење, процесот на одлежување е подолг или пократок. Па така, за јагнешко месо потребно е минимум 7 дена, за телешкото 11 дена и за јунешкото минимум 21 ден. Колку месото е помладо толку помалку време му е потребно за зреење.