OПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ:
Tinex уште од основањето во 1994 негува долгогодишна традицијата на општествено-одговорно работење и придонес кон развојот на заедницата. На почетокот тоа беа помали донации, а како компанијата се развиваше и растеше така и општествено одговорните подвизи беа се поголеми и поголеми. За таа цел во 2012 ја формиравме платформата “Тинекс, ти и јас” преку која досегашните активности на полето на општествената одговорност се интензивираат и издигнуваат на повисоко ниво.
Со цел да придонесеме за напредок на пошироката заедница на која и припаѓаме, изминативе години поддржуваме бројни проекти од областа на образованието, здравството, културата, уметноста и спортот и помош на социјално ранливи групи, од кои како капитални проекти би ги издвоиле:
од областа на спортот:
Поддршка на спортските клубови: МЗТ, Работнички, Водно Санс, Пролет, ФК Вардар, КК Куманово, Скопскиот Маратон и уште многу други спортски иницијативи.
од областа на здравството:
Подобрување на условите во здравството е еден од приоритетите во нашите општествени активности и досега имаме успешна соработка со неколку институции кога станува збор за унапредување, осовременување и подобрување на здравствената грижа и нега на граѓаните: Детската Хирургија при Универзитетската Клиника, Детската Клиника, Клиниката за белодробни заболувања Козле, Психијатриска болница, Клиниката за гинекологија при Универзитетската Клиника во Скопје. Воедно, постојано помагаме и на многу поединци на кои им треба помош за лекување како во земјава така и во странство.
од областа на културата:
Културата како важна алка од секое современо општество за нас е област во која со задоволство донираме со цел развивање и афирмирање на македонскиот театар, музика и уметност. Особена поддршка даваме на македонските автори, редовно ја поддржуваме манифестацијата Охридско лето, покровител сме на Наградата за Актер на годината итн.
од областа на образование:
Образованието е многу важен елемент од инвестирањето во младите потенцијали во Македонија, а ние го препознаваме тоа и често донираме средства за стипендирање на надежни ученици, даваме финансиска поддршка за натпревари по знаење низ Европа и светот, но и донираме средства за спортска опрема во училиштата.
Вкупниот износ на донациите во 2012 година изнесуваше над 17.5 милиони денари, во 2013 имаме донирано 15 милиони денари, а во првиот квартал на 2014 имаме донирано вкупно 8 милиони денари.
Нашите потрошувачи се мотив да продолжиме и понатаму со големиот број на донации и проекти и со тоа да инвестираме назад во заедницата. Тинекс како компанија секогаш ќе биде отворена за помош онаму каде е најпотребно и ќе продолжи да биде лидер во корпоративната општествена одговорност.