ЗА НАС:


e водечки малопродажен ланец на супермаркети во нашата земја, кој повеќе од 32 години настојува на своите потрошувачи, со својата разгранета мрежа, да им ги понуди најдобрите производи и услуги со врвен квалитет и одлични цени.
На полиците секојдневно може да се најде широк асортиман на повеќе од 30.000 производи од различни категории, меѓу кои се вбројуваат производите од сопствениот бренд EXTRA, како и странски увозни брендови на производи и деликатеси, достапни единствено во Tinex маркетите.
Со цел на купувачите на едно место да им се понуди комплетна услуга и целосно да бидат задоволени нивните потреби. Тинекс секогаш е насочен кон примена на најновите технологии и принципи на управување, кои се насочени кон усовршување на потрошувачкото искуство и максимизација на задоволството од пазарењето.
Денес, семејството на Тинекс вклучува 30 супермаркети во 8 градови низ Македонија, 2 SPOT продавници, сопствен логистичко - дистрибутивен центар, погони за производство на готови јадења и обработки на месо и др.
Останатиот, и најзначаен дел од семејството на Тинекс го сочинуваат над 800 вработени, над 200.000 потрошувачи и 2000 соработници, без кои секоја цел би била залудна и неостварлива.
Во 2015г. Тинекс го прошири своето семејство на маркети со отворање на сосема нов концепт на маркет наречен Delicatessen Tinex. Delicatessen Tinex е маркет за вистинските љубители на храна, деликатеси и пијалоци од целиот свет, кој нудат вистинско гастрономско уживање. Покрај редовниот асротиман на производи, во маркетот може да се најдат производи од светски брендови на сирења, месо, зреено месо, сувомеснати производи, вина и други специјалитети и деликатеси.
