top of page
001.png
005.png
002.png
003.png
004.png
006.png
svinska kremenadla.png
1.png
paflak.png
6.png
svinski but.png
svinski rebra.png
4.png
3.png
5.png
svinska pleska.png
2.png

РЕЦЕПТИ:

Svinski rebra u rerna 2.jpg

СВИНСКИ РЕБРА

Немате идеја за викенд ручек? Свински ребра со BBQ сос е нашиот предлог. По печењето месото се одвојува од коските, внатре е сочно, а од кога ќе се премачка со сосот добива неодолив вкус.

 

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 120C.

2. Ребрата ставете ги на големо парче алуминиумска фолија и ставете сол и бибер од двете страни.

3.Ребрата убаво завиткајте ги во фолија, по потреба додајте уште едно парче фолија и цврсто затворете ги сите отвори во фолијата.

4. Ставете ги во рерна и печете во огноотпорен сад 4 часа без отворање. После тоа, извадете ги ребрата од рерната, извадете го горниот слој од фолијата и добро премачкајте со BBQ сос. Вратете ја во рерна и печете на 180C околу 20 минути (не премногу за да не се исуши месото, само за малку да порумени површината премачкана со сосот).

Послужете го веднаш топло или чувајте го затворено во фолија и загрејте ја во рерната по потреба.

Совршен прилог е помфрит со салата по ваш избор.

На здравје!

kremenadle.jpg

СВИНСКИ КРЕМЕНАДЛИ

Кременадли меки и сочни, со убав сос, се приготвуваат многу едноставно и брзо...

Потребни состојки за подготовка:

Kременадли

Неутрален крем за готвење

Путер

Рузмарин, бибер, сол, лукче

Маслиново масло

Бело вино

Сирење roquefort

 

Начин на подготовка:

За подготовка на ова јадење најпрвин маринирајте ги кременадлите со путер, сол, рузмарин, црн бибер и 2 чешниња лук.Ставете ги во тава во која ќе го спремате јадењето. Посипете маслиново масло на тавата и загрејте ја на највисока температура и пржете 2 минути кога ќе го свртите месото од другата страна да се пржи намалете ја температурата. Месото доколку сакате да е сочно потребно е да се пржи од 5 до 7 минути.

Во тенџере за сос измешајте ги неутрален крем за готвење, биберот, една чаша бело вино и Roquefort плаво сирење мешајте на средна температура додека смесата не се згусне.

Како прилог со кременадли совршено одговара печен компир.

Излуштете го исечете го на половина и премачкајте го со путер, завиткајте го во алуминиумска фолија и ставете го во рерна да се пече на 200 степени додека не зарумени.

Сервирајте кременадла и прелијте ја со вкусниот сос.

Јакиот вкус од плавото сирење ќе преовладува и ќе ве примами повторно да го подготвите овој рецепт. Ви посакуваме пријатен ручек.

svinski vrat4.jpeg

СВИНСКИ ВРАТ

Постојат многу различни начини за подготовка на свинскиот врат, од мноштвото рецепти, денес наш предлог е овој одличен, вкусен и лесен рецепт.

Состојки:

Свеж свински врат од месарниците на Тинекс

Компир

Млад кромид

Чешниња лук

Бибер

Маст

Магдонос

 

Постапка за припрема:

Вклучете ја рерната на 200 ° C. Прицврстете го месото со врвка и протријте со сол и бибер. Ставете го на голем плех и печете 1 час. За тоа време сварете ги компирите исечкани и ставете ги во големо тенџере, со три литри вода со 3 лажички сол. Од кога ќе зоврие, варете околу 10 минути и процедете.

Извадете го месото, истурете го зовриениот компир на тавата, додадете го кромидот и чешнињата лук. Компирот прелијте го со 2 лажици маст. Во средината ставете го месото, сега превртено наопаку. Намалете ја температурата на 180 ° C и печете уште 1 час. Месото повторно се превртува од предната страна и сето заедно се пече уште 10 минути со вентилатор. Оставете го настрана околу 10 минути, посипете со сечкан магдонос, исечете и послужете!

На здравје!

svinska pleska 3.jpg

СВИНСКА ПЛЕШКА

Вкусен деликатес од кој ќе ви застане здивот, свинска плешка во рерна.

 

Потребни состојки за подготовка:

Свинска плешка

1 ½ лажичка семе од коријандер

1 ½ лажичка семки од ким

1 ½ лажички зрна црн пипер

2 ¼ лажички крупна сол

1 ½ лажичка сенф во прав

1 ½ лажичка чили во прав

3 лажици кафеав шеќер

Начин на подготовка:

Некои готвачи препорачуваат месото да се стави на решетка, да се полие со вода на дното и потоа да се завитка во фолија за месото да биде совршено сочно. Но подеднакво сочно и вкусно е доколку печете и во мешавина од зачини во тава без масло.

Потпечете ги коријандерот, кимот и чили пиперката. Измешајте ги зачините во мелница, за да добиете ситен прав. Префрлете ги во сад и измешајте ги со сол, сенф, чили и шеќер.

Ставете го месото во сад со зачините и добро истријте го. Оставете го месото да ги впие зачините час или два на собна температура или во фрижидер неколку часа.

Месото се пече два часа на ниска температура од околу 140 целзиусови степени, 3 до 4 часа или додека не омекне. Оставете го месото да се олади најмалку 30 минути пред да го сервирате.

Послужете го со вашата омилена салата.

На здравје!

svinski but 3.jpg

СВИНСКИ БУТ

Ако сте љубители на месо, наш предлог е да го подготвите овој едноставен рецепт, изненадете го вашето семејство со еден нов ручек на менито.

Потребни состојки:

Свински бут

Босилек, вегета, бибер, сол

Сокот од печењето

Неутрален крем за готвење

Црвено вино

Путер

Начин на подготовка:

Маринирајте го месото, со сол, вегета, босилек, бибер. Може да стои неколку часа за да ги впие сите зачини, ако имате време направете го тоа ден претходно. Вклучете ја рерната на 240 степени, и во тавче налејте една шоља вода. Кога ќе се загрее рерната, ставете го месото внатре и оставете го да се пече околу 20-25 минути. Кога ќе добие жолтеникава боја покријте ја тавата со фолија и намалете ја температурата на 180 степени во следните два часа. Додавајте чаша вода на секои половина час.

За припрема на сосот потребна ви е течноста од месото, путер, вино и зачини по вкус.

Ставете ги во тава на тивок оган, а откако виното ќе испари, додадете го кремот за готвење и мешајте додека не добие густа смеса. Ставете го сосот врз месото и гответе уште неколку минути на тивок оган со лесно мешање.

Како прилог на пареа сварете моркови, магдонос и компир.

Добар апетит!

bottom of page