top of page

ПРИВАТНОСТ:

ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРШЕЊЕ НА ВИДЕОНАДЗОР

 

Оваа Изјава за приватност го објаснува видот на лични податоци што ТИНЕКС МАРКЕТ ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст: Контролор), ги собира од вас при посета на службените/деловните простории и како Контролорот ги користи овие податоци.

​

1. Зошто собираме (обработуваме) лични податоци?

Контролорот собира лични податоци преку системот за видеонадзор од следните причини (цели):

- да се контролира пристапот до објектот (зграда, влез, простории..) и да се обезбеди сигурност на објектот, безбедноста на вработените во Контролорот и посетителите, како и на имот и информациите кои се лоцирани или се чуваат во просториите;

- за да се спречи, одврати и, доколку е потребно, да се испита неовластен физички пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносни и заштитени простории, ИТ инфраструктура или оперативни информации; и

- да се спречи, открие и да се испита кражба на опремата или средства во сопственост на Контролорот, посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите (на пример: пожар, физички напад).

​

Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места, но не и да се препознаат лица.

​

Системот за видеонадзор исто така не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази при внатрешни истраги или дисциплински постапки, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видеонадзорот согласно Законот за заштита на личните податоци. (Во исклучителни околности, податоците може да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага).

​

Камерите за видеонадзор се инсталираат на влезни и излезни места во објектите на ТИНЕКС-Маркет (Подружници каде ја обавува својата дејност) и се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе пристапат до службените/деловните простории (објекти), вклучително и имотот (на пример за паркирање).

​

Системот со видеонадзор ја опфаќа областа на: да се даде детален опис (на пример: влезните и излезните места на зградата, влезните места во зградата, гаража и надворешна површина на зградата...

​

2. Какви податоци собира Контролорот?

Контролорот собира само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање.

​

3. Кој е одговорен за обработка на податоците?

Контролорот е субјект кое ја врши обработката на личните податоци и кое ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Покрај тоа, БОБАН НАСКОВСКИ-ИТ МЕНАЏЕР е лице за контакт и одговорно за видеонадзорот.

​

4. Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видеонадзор?

Контролорот користи опрема за видеонадзор за (да се наведе една или повеќе од наведените цели):

- заштита на животот или здравјето на луѓето;

- заштита на сопственоста;

- заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата; или

- обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории.

Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци.

Покрај тоа, на влезот на Подружниците на ТИНЕКС- Маркет каде има инсталирана опрема за видео надзор , има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видеонадзорот, како и за називот на контролорот кој го врши видеонадзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзор.

​

5.  Кој може да ги види моите лични податоци?

До видео записите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видеонадзор (на пример: членовите на безбедносниот персонал на Контролорот или од ангажираната Агенција за приватно обезбедување). Пристапот до дигиталниот уред или дискот на кој се чуваат видео записите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците (лозинка, запис за секој настан или акција од вработените, односно овластените лица). До податоците, односно видео записите не може да се пристапи без овластување од страна на контролорот - ТИНЕКС МАРКЕТ ДООЕЛ Скопје

​

6.  Како да ги контролирате вашите податоци?

Може да испратите барање на ТИНЕКС МАРКЕТ ДООЕЛ Скопје (на пример: е-пошта наtinex.marketi@tinexmarketi.mk, адреса ул.Васил Ѓоргов бр.16/*1 мансарда 1).

​

7.  Можам ли да пристапам до моите податоци?

Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање на барање до ТИНЕКС МАРКЕТ ДООЕЛ Скопје ул.Васил Ѓоргов бр.16/1 мансарда 1, или преку е-пошта до: tinex.marketi@tinexmarketi.mk

​

8.  Можам ли да ги менувам моите податоци?

Не е дозволено изменување на видео записот за видеонадзор.

​

9.  Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци?

Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање на ТИНЕКС МАРКЕТ ДООЕЛ Скопје (на пример: е-пошта на tinex.marketi@tinexmarketi.mk, адреса ул.Васил Ѓоргов бр.16/1 мансарда 1 Скопје.), кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци, или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие исто така можете да ја блокирате обработка и кога работењето е незаконско и вие се спротивставувате на бришење на податоците. Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага.

​

10. Дали можам да ги избришам моите податоци?

Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање на барање на ТИНЕКС-Маркет ДООЕЛ Скопје(на пример: е-пошта на tinex.marketi@tinexmarketi.mk, адреса ул.Васил Ѓоргов бр.16/1 мансарда 1 Скопје .), кога обработката е незаконска.

​

11. Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица?

Вашите податоци се чуваат во Контролорот, освен ако не побарате од Контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.

​

12. Дали имам право на приговор?

Да, имате право на приговор и да се спротивставите на обработката во кое било време со испраќање на барање на ТИНЕКС-Маркет ДООЕЛ Скопје(на пример: е-пошта на tinex.marketi@tinexmarketi.mk, адреса ул.Васил Ѓоргов бр.16/1 мансарда 1 Скопје.), кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.

​

13. Што можам да направам во случај на проблем?

а) Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање е-пошта до tinex.marketi@tinexmarketi.mk и да побарате да преземе акција.

б) Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирајте со нашиот офицер за заштита на личните податоци на pravna.sluzba@tinex.com.mk.

в) Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки.

​

14. Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видеонадзор?

Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на Контролорот.

​

15. Безбедност на личните податоци

Контролорот е посветен на заштита на вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат вашите лични податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме вашите податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина.

​

16. Колку долго ги чуваме вашите податоци?

Контролорот ќе ги чува вашите лични податоци  30  календарски денови по вашата посета во нашите простории, по што сите снимени видеозаписи автоматски се бришат.

​

​

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

 

Оваа Политика за приватност дава информации за тоа како Друштвото за трговија на мало ТИНЕКС МАРКЕТ ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст: „ТИНЕКС МАРКЕТ“ или „контролор“) ги обработува личните податоци при посетата и користењето на нашата веб-страница. Обработката на личните податоци се спроведува во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци. Ве молиме внимателно прочитајте ја оваа Политика за да дознаете кои податоци ги собираме, зошто ги собираме, како ги користиме и кои се вашите права во врска со истите.

 

1.Контролор и контакт информации

Контролор на личните податоци: ТИНЕКС МАКЕТ ДООЕЛ  Скопје, со седиште на ул. „Васил Ѓоргов“ бр.16, влез 1, мансарда 1 (ТЦ Зебра), 1000 Скопје.

Контакт телефон: +389 2 2727501

E-пошта: tinex.marketi@tinexmarketi.mk

​

Доколку имате прашања во врска со оваа Политика или со обработката на вашите податоци, можете да нè контактирате на наведените контакт информации или да го контактирате офицерот за заштита на личните податоци, кој е достапен на гореспоменатата е-пошта и телефон.

​

2.Категории на лични податоци и цели на обработка

ТИНЕКС МАРКЕТ собира лични податоци од посетителите на својата веб-страница само во обем кој е неопходен за остварување на јасно определени цели. Во продолжение се објаснети кои видови податоци ги собираме, за кои цели, врз кој правен основ, како и рокот на чување за секоја активност на нашата веб-страница:

​

Контакт преку e-пошта/телефон/социјални мрежи: Кога ни се обраќате преку објавената e-пошта или телефонски број на веб-страницата (или преку официјалните профили на ТИНЕКС МАРКЕТ на социјални мрежи), ги собираме податоците што доброволно ни ги доставувате, како што се вашето име и презиме, адреса на е-пошта, телефонски број (доколку е наведен) и други информации што ќе ги внесете во пораката. Овие податоци ги обработуваме исклучиво за целите на одговарање на вашето барање или прашање и за да ви ги обезбедиме бараните информации или услуга. Правниот основ за оваа обработка е наш легитимен интерес да одговориме на вашите барања (бидејќи вие иницирате комуникација со нас) и/или преземање дејства на барање на субјектот на податоци пред потенцијално склучување договор. Собраните податоци преку e-пошта/телефон/социјални мрежи ќе бидат чувани само онолку долго колку што е потребно за да се обработи и заврши вашето барање и евентуално за да се исполнат последователни обврски (на пр., понатамошна комуникација или евидентирање на кореспонденцијата). По исполнување на целта, податоците се бришат или архивираат според соодветните интерни политики за чување на податоци. Напомена: Доставувањето на личните податоци преку e-пошта/телефон/социјални мрежи е доброволно; меѓутоа, без да ни ги обезбедите потребните информации (на пр. е-пошта или телефон за контакт), нема да можеме да ви одговориме на барањето.

​

  • ТИНЕКС МАРКЕТ спроведува директен маркетинг кон членовите на Поен+ програмата за лојалност кои претходно дале согласност да примаат известувања по е-пошта, Вибер или СМС. Податоците се користат исклучиво за испраќање на информативни билтени, известувања за акции, понуди и новости поврзани со нашето работење. Правниот основ за оваа обработка е ваша изрична согласност. Вашата e-пошта ќе се користи само за испраќање на промотивни пораки, акции и новости и нема да биде споделена со трети страни освен со нашиот сервис-провајдер за испорака на е-поштата (доколку ангажираме таков, видете дел Споделување на податоци подолу). Доколку во било кое време одлучите дека повеќе не сакате да ги добивате нашите пораки, можете да ја повлечете вашата согласност, да не контактирате на наведената е-пошта за контакт. Повлекувањето на согласноста нема да влијае на законитоста на обработката која била извршувана врз основа на согласност пред нејзиното повлекување. 

 

3. Колачиња и аналитика: Нашата веб-страница користи колачиња (cookies) и слични технологии за да обезбеди непречено функционирање и за да собере одредени податоци за користењето на страницата (веб-аналитика). Колачињата претставуваат мали текстуални датотеки кои се зачувуваат на уредот на корисникот.

- Неопходни колачиња користиме за основна функционалност на сајтот– тие се задолжителни за да може веб-страницата да работи правилно и не собираат лични податоци надвор од таа техничка неопходност. Правен основ за користење неопходни колачиња е легитимниот интерес на контролорот да обезбеди функционална и безбедна услуга на корисникот.

​

- Аналитички колачиња (и потенцијално колачиња за маркетинг) за да ги анализираме посетите и активностите на корисниците на веб-страницата, со цел подобрување на нашите услуги и маркетинг стратегии. За овие ненужни колачиња, ќе побараме ваша претходна согласност – преку појавување на известување (банер) при првата посета, каде што можете да изберете да се согласите или не со употребата на аналитички (и маркетинг) колачиња. Доколку се согласите, во вашиот уред ќе бидат зачувани овие колачиња, а ако одбиете, тие нема да бидат поставени. Овие податоци по правило не се користат за ваша лична идентификација, туку исклучиво за статистики и за подобрување на корисничкото искуство и безбедност на сајтот. Правен основ за обработка на аналитичките колачиња е согласноста на корисникот Секогаш имате можност да ја повлечете согласноста за аналитичките колачиња преку измена на вашите поставки.

​

Колку долго ги чуваме податоците од колачиња?

  • Неопходните колачиња обично се привремени (се бришат по завршување на сесијата или во краток рок).

  • Аналитичките колачиња (како Google Analytics) може да останат зачувани до неколку месеци или години, зависно од поставките (на пр., колачиња за статистика на Google може да траат 6 месеци, 14 месеци или слично, според политиките на Google).

Ние ги почитуваме препорачаните рокови и ги конфигурираме алатките да не задржуваат лични податоци подолго отколку што е потребно за наведените цели. Детални информации за тоа како работат колачињата на нашата страница, какви колачиња користиме и нивните периоди на зачувување, се достапни во нашата Политика за колачиња, која е објавена на веб-страницата.

​

  • Со самото посетување и користење на нашата веб-страница се подразбира дека сте ги прочитале и разбрале оваа Политика за приватност и Политиката за колачиња. Доколку не се согласувате со користењето на определени колачиња, можете тоа да го прилагодите преку алатките за согласност како што е објаснето погоре.

​

4.Споделување на личните податоци со трети лица

ТИНЕКС МАРКЕТ принципиелно не ги споделува вашите лични податоци со трети лица, освен ако тоа е неопходно за исполнување на наведените цели на обработка или ако постои законска обврска за такво споделување. Во секој случај, нема да продаваме, изнајмуваме или неовластено откриваме ваши податоци на трети страни. Вашите податоци може да бидат достапни само на:

​

  • Овластени обработувачи  Ова се трети страни кои можеби ги ангажираме за техничка поддршка на веб-страницата или за извршување на одредени услуги во наше име – на пр., ИТ компанија која го хостира или одржува сајтот, провајдер за испраќање на е-маил билтени, или провајдер на алатки за веб-аналитика (на пр. Google за Google Analytics). Кога ангажираме вакви даватели на услуги, тие дејствуваат како обработувачи на лични податоци во наше име и согласно нашите инструкции. Со секој ваков обработувач склучуваме договор за заштита на лични податоци, со кој го обврзуваме да обезбеди соодветна доверливост и заштита на податоците и да ги употребува исклучиво за нашите определени цели.

​

  • Даватели на услуги и партнери како независни контролори: Во одредени ситуации, можеби ќе треба да споделиме минимални податоци со наши партнери или соработници кои се вклучени во обработката како независни контролори. На пример, доколку на нашата веб-страница се врши промоција заедно со друга компанија, или доколку користите надворешна платформа (социјална мрежа, апликација) за да стапите во интеракција со нас, вашите податоци може да станат достапни и за тие трети лица. Во такви случаи, ќе ве информираме јасно за идентитетот на тие трети страни и нивните политики за приватност, и нема да споделиме повеќе податоци отколку што е неопходно за конкретната активност.

​

  • Надлежни органи и законски основи: Вашите лични податоци може да бидат откриени на државни органи или институции (на пр. суд, полиција, инспекциски служби) ако ни биде официјално побарано согласно законска надлежност и постои соодветен правен основ за таквото откривање. На пример, можеме да откриеме одредени записи доколку сме обврзани со судски налог, или на Агенцијата за заштита на личните податоци во рамките на надзорна постапка.

​

Покрај наведените околности, ниту една друга трета страна нема пристап до вашите лични податоци. Не споделуваме податоци за вас и/или за вашата посета на нашата веб-страница со трети лица, освен во случаите опишани погоре. Во рамките на компанијата Тинекс, пристап до вашите податоци имаат само овластени лица (вработени/соработници) кои имаат потреба од тие информации за да ги исполнат работните задачи поврзани со целите опишани погоре, и сите тие се обврзани на доверливост.

​

5.Пренос на лични податоци во други држави

Вашите лични податоци главно се обработуваат и чуваат во рамките на Република Северна Македонија. Сепак, можно е одредени податоци да бидат пренесени и/или складирани надвор од државата, ако за тоа користиме услуги од добавувачи со седиште во други земји. Доколку користиме алатки или сервери на компании во Европска унија или други земји, вашите податоци може да се обработуваат во тие јурисдикции. Во секој случај, доколку има потреба од пренесување на лични податоци во странство, ќе го сториме тоа согласно законските услови за меѓународен пренос на лични податоци.

​

6.Безбедност на податоците

ТИНЕКС МАРКЕТ презема сериозни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап, откривање, губење или било каква злоупотреба. Во согласност со најдобрите практики и законските обврски, ТИНЕКС МАРКЕТ имплементира повеќе нивоа на заштита, вклучувајќи (но не ограничувајќи се на) следните мерки:

​

  • Контролирани пристапи: Опремата и просториите каде што се чуваат личните податоци се наоѓаат во безбедна средина со ограничен физички пристап – само овластени лица можат да влезат во тие простории. Чувствителните документи во физичка форма се чуваат под клуч, а електронските податоци се заштитени со системи за автентикација.

​

  • ИТ безбедност: Користиме силни мерки на информатичка безбедност, како што се заштитни ѕидови (firewalls), современи антивирусни и анти-малвер програми, системи за детекција на упади, како и силни лозинки и контроли на пристап до информациските системи. Исто така, применуваме техники на енкрипција (шифрирање) на чувствителни податоци и псевдонимизација/анонимизација каде што е можно, со цел дополнително да се заштити приватноста.

​

  • Ограничување на пристап до податоците: Внатре во компанијата, пристап до личните податоци имаат само оние вработени или соработници на Тинекс на кои тие им се неопходни за извршување на работните задачи. Секое овластено лице има индивидуални овластувања за пристап и е должно да ги чува во тајност. Воедно, ова е регулирано и со наши интерни акти и политики. Сите вработени кои работат со лични податоци се обврзани на доверливост (приватност) согласно договор и закон.

​

  • Обученост и свесност: Редовно организираме обуки и внатрешни информативни сесии за нашите вработени во однос на правилата за заштита на личните податоци, со што обезбедуваме високо ниво на свесност и правилно постапување при обработката.

​

  • Надзор и ревизија: Постојано го следиме нашиот систем за да откриеме потенцијални нарушувања или неовластени пристапи. Имаме воспоставено постапки за реагирање во случај на инцидент со лични податоци, што вклучува и известување на засегнатите лица и надлежните органи (АЗЛП) во законски определените рокови, доколку се исполнети условите за тоа. Нашата цел е да одржуваме соодветно ниво на безбедност во согласност со ризиците. И покрај сите мерки на претпазливост, ниту еден систем за пренос преку интернет или систем за складирање податоци не е 100% безбеден. Затоа, не може да гарантираме апсолутна безбедност, но уверуваме дека континуирано работиме на подобрување на заштитата и веднаш ќе реагираме на потенцијални закани по безбедноста.

​

7.Рокови на чување на податоците

Личните податоци што ги собираме и обработуваме ги чуваме само онолку колку што е потребно за да се исполнат целите за кои се собрани, освен ако со закон се бара или дозволува подолг период на чување. Применуваме начело на „минимално задржување“ – податоците не се задржуваат подолго отколку што е неопходно за конкретната цел на обработка.

​

Во случај на законска обврска, ги чуваме релевантните податоци во роковите предвидени со соодветните закони, потоа, податоците ги бришеме или анонимизираме на безбеден начин.

​

8.Вашите права како субјект на лични податоци

Како корисник на нашата веб-страница и како субјект на лични податоци, имате одредени права гарантирани со Законот за заштита на личните податоци и во било кое време, можете да ни се обратите заради остварување на Вашите права:

​

  • Право на информираност: право да бидете информирани за тоа дали се обработуваат вашите лични податоци, кои категории и за кои цели – токму тоа право го остварувате преку оваа Политика за приватност, која јавно ви ги дава сите тие информации.

  • Право на пристап: право да побарате потврда од нас дали обработуваме ваши лични податоци и, ако да, да добиете копија од податоците што ги имаме за вас, како и информации за целите на обработка, категориите на податоци, категориите на приматели, рокот на чување и вашите права.

  • Право на исправка: доколку забележите дека некој личен податок што го обработуваме за вас е неточен или нецелосен, имате право да барате да го исправиме или дополниме.

  • Право на бришење: право да побарате да ги избришеме вашите лични податоци ("право да бидете заборавени") во одредени случаи – на пр., ако податоците повеќе не се неопходни за целите за кои биле собрани, или ако ја повлечете согласноста врз основа на која се вршела обработката, или ако сметате дека обработката е незаконска. Имајте предвид дека ова право не е апсолутно – понекогаш сме обврзани по закон да ги задржиме податоците (на пр. финансиски трансакции) или имаме друг основ да не ги избришеме веднаш (на пр. правни побарувања)..

  • Право на ограничување на обработката: право да побарате привремено да ја ограничиме обработката на вашите податоци (освен чувањето) во одредени случаи – на пр., додека се решава некој спор за точноста на податоците или законитоста на обработката, или пак додека се одлучува по ваш приговор.

  • Право на преносливост на податоците: право, во одредени случаи, да ги добиете личните податоци што сте ни ги даделе во структуриран, машински читлив формат и да ги пренесете на друг контролор. Ова право се однесува само на податоци што вие лично ни ги имате обезбедено, и тоа кога обработката се темели на ваша согласност или на договор и се извршува автоматски. На ваше барање, доколку е технички изводливо, можеме и директно да ги пренесеме тие податоци на друг контролор по ваш избор.

  • Право на приговор: право да се спротивставите на обработката на вашите лични податоци која се темели на наш легитимен интерес или која се врши за директен маркетинг. Ако податоците се користат за директен маркетинг, вашето право на приговор е апсолутно – приговорот значи дека ќе престанеме да ги користиме вашите податоци за маркетинг веднаш по приемот на таквото барање.

  • Право на повлекување на согласност: Во случаите кога обработката на вашите податоци се темели на ваша согласност (на пр., претплата на билтен, прифаќање аналитички колачиња), имате право во било кое време да ја повлечете дадената согласност. Повлекувањето на согласноста нема ретроактивно дејство – односно не влијае на законитоста на обработката пред повлекувањето – но значи дека понатаму нема да ги обработуваме тие податоци за таа намена.

  • Право да не бидете предмет на автоматизирано одлучување (вклучувајќи профилирање): Гарантираме дека не користиме целосно автоматизирано донесување одлуки врз основа на вашите лични податоци што произведува правни последици или слично значително ве засега. Секоја обработка што може да се смета за „профилирање“ (на пр. анализа на интереси или навики за маркетинг цели) никогаш нема да се користи за донесување важни одлуки без човечки фактор. Ако во иднина воведеме системи за автоматско донесување одлуки, ќе ве информираме и ќе обезбедиме вашиот глас да биде земен предвид, согласно законските барања.

Остварувањето на вашите права не се наплатува – ги обезбедуваме бесплатно. Секое ваше право можете да го остварите преку поднесување на барање до нас. Доволно е барањето јасно да назначи кое право сакате да го остварите и на кои податоци се однесува Барањето може слободно да го формулирате и да ни го испратите:

  • преку е-пошта на: tinex.marketi@tinexmarketi.mk

  • преку поштa на адреса: ТИНЕКС МАРКЕТ ДООЕЛ Скопје, ул. „Васил Ѓоргов“ бр.16-1/ мансарда 1, 1000 Скопје (со назнака: до офицерот за заштита на лични податоци),

  • или лично во нашите простории.

При поднесување на барање за остварување права, можеме да побараме од вас да ја докажете/потврдите вашата идентификација( идентификациски документ на увид), за да се осигураме дека личните податоци ги откриваме на вистинското лице. Ова го правиме исклучиво заради заштита на вашата приватност, за да спречиме неовластено лице да ги добие вашите податоци. Ваквата постапка за верификација нема да биде претерана и нема да влијае непотребно на остварувањето на правата.

Откако ќе примиме валидно барање, ќе одговориме без непотребно одложување, а најдоцна во рок од еден месец од приемот на барањето. Нашиот одговор ќе содржи информации за дејствијата што ги преземаме по вашето барање, или образложение ако поради некоја причина не можеме да го исполниме целосно.

Доколку сметате дека ТИНЕКС МАРКЕТ не успеал соодветно да одговори на вашето барање или имате забелешка на начинот на кој ги обработуваме вашите лични податоци, имате правото на поплака до надлежен орган, како што е објаснето во наредниот дел.

​

9.Право на поднесување поплака до надлежен орган

Доколку сметате дека начинот на кој ги обработуваме вашите лични податоци ги прекршува вашите права или ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, имате право да поднесете претставка/поплака до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) – која претставува независен надзорен орган за заштита на податоците.

Нашата искрена препорака е најпрво да ни се обратите нам, за да се обидеме да го решиме било кој ваш проблем или незадоволство директно. Сепак, вашето право и можност да се обратите до Агенцијата постои независно од тоа.

​

Контакт информации на надзорниот орган (АЗЛП)линк: https://azlp.mk/kontakt/

 

10. Промени во Политиката за приватност

Оваа Политика за приватност може повремено да биде изменета или дополнета, со цел да се усогласи со промените во нашите практики на обработка на податоци или со измените во законските барања. ТИНЕКС МАРКЕТ го задржува правото да ја менува содржината на овој документ, новата ажурираната верзија на Политиката, ќе стапи на сила во моментот на објава на оваа страница со наведување на датумот на последната измена.

​

Ве охрабруваме повремено да ја прегледате оваа Политика за да бидете информирани за евентуалните промени.

  • LinkedIn
  • Instagram
  • Facebook
  • Youtube

ТИНЕКС МАРКЕТ ДООЕЛ Скопје

ул. Васил Ѓоргов, бр.16 влез 1 мaнсарда 1 (ТЦ Зебра) , 1000 Скопје

Тел: +389 2 2727 501 | Факс:+389 2778 379

ДАНОЧЕН БРОЈ:  МК 4080026641738
ЕМБС:  7955588

 

Пофалби и поплаки: 072 233 533 Секој работен ден од 08:00 -16:00 часот

bottom of page