top of page
Search

За доброто на сите, Тинекс ДОБРА ЦЕНА


Свесни за економската состојба на нашите граѓани, предизвикана од покачувањата на цените на производите и услугите, Тинекс како општествено одговорна компанија, компанија која секогаш имала слух за проблемите и потребите на потрошувачите, и овој пат е спремна да излезе во пресрет на ублажување на ценовниот шок со кој се соочуваме сите. Активно и доследно ги почитуваме сите мерки предложени од Владата, но со цел да дадеме дополнителен допринос во справување на инфлацијата, и да им помогнеме на нашите потрошувачи, подготвуваме намалувања на повеќе од 150 производи.


Актуелните мерки за намалување на цените опфаќаат категории на храна и пијалаци кои се најпотребни во секојдневието на граѓаните, но ние дополнително ќе намалиме цени на производи во речиси секоја категорија на производи, па така нашиот потрошувач ќе може да најде ДОБРА цена на секоја од нашите полици.


Симболично, водени од тоа дека Тинекс секогаш се стремел кон доброто за сите, намалените цени ќе бидат означени со Тинекс ДОБРА цена.


За доброто на сите, Тинекс ДОБРА цена.


Она што можеме да го гарантираме дека Тинекс секогаш е на страната на потрошувачите, и дека заедно за Владата, но и со нашите добавувачи и производителите ќе работиме заеднички на намалување на цените на производите. Стоиме на тоа дека ознаките со Тинекс ДОБРА цена ќе ги има сè повеќе и повеќе.



 
 
 

Comments


  • LinkedIn
  • Instagram
  • Facebook
  • Youtube

ул. Васил Ѓоргов, бр.16 влез 1 мaнсарда 1 (ТЦ Зебра) , 1000 Скопје

Тел: +389 2 2727 501 | Факс:+389 2778 379

ДАНОЧЕН БРОЈ:  МК 4030993244482
ЕМБС:  4632729

 

Пофалби и поплаки: 072 233 533 Секој работен ден од 08:00 -16:00 часот

bottom of page