


1-30 НОЕМВРИ 2025
Организатори: Mastercard и ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје
Период на кампањата: од 01.11.2025 до 30.11.2025 (вклучително), или до исцрпување на буџетот предвиден за активноста.
Опфат: Кампањата се спроведува исклучиво во подружниците наведени подолу и не важи во останатите маркети на ТИНЕКС.
Цел на кампањата
Промоција на користењето на касите за самонаплата во наведените подружници на Тинекс и зголемување на користењето на платежните картички Mastercard.
Право на учество
Кампањата е наменета за физички лица – иматели на потрошувачки платежни картички (кредитни и дебитни) од брендот Mastercard, издадени во Република Северна Македонија (од сите банки).
Исклучок: комерцијални/бизнис картички не учествуваат.
Локации со каси за самонаплата
Кампањата важи само на следните локации (самонаплата):
-
Подружница Супер Тинекс Раде 4-Кончар бул.„3-та Македонска Бригада“ бр. 56 Скопје(опш.Аеродром)
-
Подружница Супер Тинекс 3-Првомајска бул. „Борис Трајковски“ бр.66. (Првомајска) Скопје(опш.Кисела Вода)
-
Подружница СуперТинекс 10-Цветен ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.1 Скопје(опш.Центар)
-
Подружница Супер Тинекс 11-Лиса бул.„ Видое Смилевски Бато“ бр.8 Скопје (опш.Аеродром)
-
Подружница Супер Тинекс 7 Охрид ул. „7-ми Ноември“ бр.286 Охрид
-
Подружница Супер Тинекс Битола 2 бул. „АСНОМ“ бр.3 Битола
-
Подружница Тинекс Центар 2 ул. „Васил Главинов“ бр.3 Скопје (опш.Центар)
-
Подружница Тинекс Аеродром бул. „Јане Сандански“ бр.78 Скопје(опш.Аеродром)
-
Подружница Тинекс Карпош 3 ул. „Никола Русински“ бр. 17 Скопје (опш.Карпош)
-
Подружница Тинекс Стара Телевизија ул. „Никола Парапунов“ бр.27 Скопје (опш.Карпош)
-
Подружница Тинекс Охрид 1 бул.„Македонски Просветители“ бр.1 Комплекс Летница
-
Подружница Тинекс Мајчин дом бул.„Јане Сандански“ бр.13 Скопје (опш.Аеродром)
-
Подружница Тинекс ПИОМ ул. „23 Октомври“ бр.7, Скопје (опш.Аеродром)
-
Подружница Тинекс Драмски ул. „Шекспирова“ бр.6 Скопје (опш.Карпош)
-
Подружница Тинекс Ѓорче Петров ул. „Ѓорче Петров“ бр.22 Скопје (опш.Ѓорче Петров)
-
Подружница Тинекс Порта Аеродром ул. „Методија Шаторов Шарлов“ бр.1 Скопје (опш.Аеродром)
ТИНЕКС-МТ ќе ги информира потрошувачите за секое евентуално проширување на листата локации преку официјалните канали (веб-страница, социјални мрежи, Viber)
Услови за остварување кешбек
Иматели на Mastercard картичка остваруваат поврат на средства (кешбек) од 10% ако за време на кампањата се исполнети кумулативно следните услови:
-
Плаќаат исклучиво на касите за самонаплата во наведените подружници, и
-
Направат најмалку 4 (четири) трансакции во периодот 01.11.2025 до 30.11.2025, и
-
Вкупната вредност на овие трансакции треба да изнесува најмалку 6.000 денари во наведениот период.
За трансакции поголеми од 6.000 денари соодветно се зголемува и поврат на средства( кешбек), согласно табелата:
Забелешка: Трансакции извршени на класични каси (кои не се за самонаплата) или во други маркети на ТИНЕКС не учествуваат и не носат право на поврат на средства (кешбек).
Исплата и проверка на кешбек
-
Повратот на средства го реализира Mastercard по завршување на кампањата.
-
Mastercard го задржува правото да ја прекине кампањата предвреме доколку се исцрпат буџетските средства.
-
Остварениот кешбек може да се провери преку електронско банкарство и/или на изводите од платежна сметка/картичка.
Ограничувања
Во случај на откажана, истечена или блокирана картичка, и/или ако корисникот нема активна трансакциска сметка во моментот на исплата, Mastercard може да не го реализира повратот на средства(кешбек), иако условите биле исполнети.
Дефиниции
-
„Картичка“ – валидна потрошувачка дебитна или кредитна (или припејд) Mastercard картичка издадена од финансиска институција основана во Северна Македонија; комерцијални/бизнис картички се исклучени.
-
„Поврат на средства (кешбек)“ – кредитна трансакција што му се исплатува на имателот на картичка во рамки на оваа кампања, согласно овие правила и до висина на расположливиот буџет.
За евентуални приговори за неисплатен кеш бек, корисниците можат да се обратат на следната е-маил адреса: customer.care@tinex.com.mk.

