ЗА НАС:


Тинекс e малопродажен ланец на супермаркети кој веќе 29 години настојува на своите потрошувачи да им ги понуди најдобрите производи со врвен квалитет и по одлични цени. На нашите полици секојдневно може да се најде широка лепеза на повеќе од 20.000 производи од различни категории, меѓу кои се вбројуваат производите од нашиот бренд EXTRA, како и голем број на странски увозни брендови на производи од различни категории, достапни единствено во нашите маркети.
Нашата приказна започнува во 1994г., кога во населбата Карпош 3 беше отворен првиот Тинекс маркет. Оттогаш па се до денес, успеваме да останеме лидер на пазарот и да бидеме еден од најпрепознатливите македонски брендови.
Располагаме со 42 продажни објекти, распространети во 11 градови низ Македонија, a во семејството на Тинекс се вбројуваат и Деликатесен Тинекс маркетите, Космо парфимериите, продавниците за декорации и мебел за дом Tinex Home, кафетериите To Go, рестораните Daily Food&Wine, игротеката Big Bang, туристичката агенција Travel Solution, трговските центри Зебра, Лиса и Прилеп, а имаме и сопствен погон за подготовка на готвени јадења, погон за расек и подготовки од месо и логистички центар.
Со цел на купувачите на едно место да им понудиме се што им е потребно постојано се стремиме кон препознавање на новите трендови и потребите на потрошувачите како и усовршување на нашата услуга.
Во 2015г. Тинекс го прошири своето семејство на маркети со отворање на сосема нов концепт на маркет наречен Delicatessen Tinex. Delicatessen Tinex е маркет за вистинските љубители на храна, деликатеси и пијалоци од целиот свет, кој нудат вистинско гастрономско уживање. Покрај редовниот асротиман на производи, во маркетот може да се најдат производи од светски брендови на сирења, месо, зреено месо, сувомеснати производи, вина и други специјалитети и деликатеси.
Cosmo е ланец на парфимерии како дел од компанијата Тинекс МТ кој започна со работа во 2009год. и нуди широк асортиман на најактуелни производи од реномирани брендови за козметика и убавина. Cоsмо е уникатна продавница за убавина во градот каде што се достапни над 15.000 производи од различни категории како префинети мириси од ексклузивни Niche брендови, парфеми, природна и органска козметика, селективна и декоративна козметика од најпознатите светски козметички куќи и ексклузивен дизајнерски накит од Шпанија и Италија од брендовите Alcozer & J, Daniel Espinosa, Biba, Gregio, Silvex и др.
Ланецот дрогерии Cosmo денес има 7 дрогерии од кои пет се во Скопје, 1 во Куманово и 1 во Тетово.
Водени од целта на нашите потрошувачи на едно место да им понудиме најпрефинети декорации и мебел за домот кои се разликуваат од обичните предмети за домот, во 2017год. го креиравме концептот Tinex Home. Tinex Home е продавница за брендиран декор, префинети детали и мебел наменети за опремување и збогатување на домот.
Во моментов Tinex Home продавниците се наоѓаат на 3 локации: Т.Ц Зебра Т.Ц Лиса Ул. Даме Груев бр.5 (Градски ѕид)
Daily е урбано место во градот каде ќе можете да го доживеете вистинскиот вкус на вашите омилени јадења и пијалаци. Рестораните Daily Food & Wine нудат едно поинакво гастрономско искуство, богато мени, добра услуга и пријатен амбиент кој ја одразува елеганцијата на секојдневниот животен стил. Уживајте во секој ден со вкусна храна и добро вино!
Daily Food & Wine „Т.Ц Зебра“ - 072 256 100
Daily Food & Wine „Т.Ц Лиса“ - 070 358 500
Игротеката Big Bang е местото каде соништата на вашето дете стануваат реалност. Лоцирана е во трговскиот центар Лиса и е погодна за секаков вид на детски прослави и забави, а редовно се организираат и тематски работилници. Во игротеката има можност за игра ласер таг со закупен термин. Влезете во светот на Big Bang и забавувајте се.
Наменет за сите возрасни групи со убав елегантен стил,
Т.Ц, Лиса е место за целото семејство. Во склоп на трговскиот центар Лиса се наоѓаат игротека Big Bang, Супер Тинекс маркет, кафетерија To Go, парфимеријата Cosmo, продавница за декорации и мебел Tinex Home, продавница за долна облека Bonatti, продавница за играчки Крш, оптика „Призма“, аптека Галениум Фарм и ресторанот Daily Food & Wine.
Трговскиот центар Зебра ги обединува добрата храна, шопингот, забавата и дружењето. Со својата уникатност ги привлекува потрошувачите да уживаат во пазарењето.
хемиско чистење 5аSec, менувачница, кафетерија To Go, парфимерија Cosmo, продавница за уредување на домот, Tinex Home, продавница за долна облека Bonatti, ресторан Daily Food & Wine, мобилара Mobil elektronik, кафетерија Izzi, бутик за детска облека Wenice

Тинекс Микс како дел од Тинекс МТ, нуди прилагодени и специјално дизајнирани решенија за пакување. Со своето искуство во областа на пакувањето, како и со својот професионален тим, стои на располагање за да Ви го понуди најдоброто, најекономичното и естетски најприфатливото решение за безбеден транспорт на стоката од Вашиот магацин до посакуваната дестинација. Богатата референтна листа на која се наоѓаат најголем дел од компаниите од прехранбената, хемиската, фармацевтската, како и од индустријата за производство на вода и сокови во земјава е потврда за квалитетот на понудените производи.